Кога во 2016 година Клиниката за Онкологија набавила автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците наречен КАТО систем, идејата била да се спречат загубите на дози цитостатици поради кои што клиниката губела пари, а пациентите ризикувале несоодветно дозирање, а со тоа и несоодветно лекување.
„Самиот систем не дозволува да ви остане вишок на доза што нема да се искористи. Се се користи до крај. Цело време мониторот ви кажува да ја користите флашата додека не се испразни. Вага мери количина и нема мрдање или злоупотреба на количините. Секоја флаша цитостатик се баркодира, па се става нова вијала кога ќе се потроши првата. Точно се знае по растворањето колку дози цитостатик се спремни и тие може да се користат утре пак, затоа што не ја губат стабилноста“, изјави за „Слободен печат“ доктор Милан Ристевски, поранешен директор на Клиниката за онкологија кој го купил овој систем во 2016 година од сопствени средства на Клиниката, но потоа системот бил саботиран и изваден од употреба како да не постои.
Кога доктор Ристевски во 2016 година го промовираше овој систем пред телевизиските камери, тоа го направи со зборовите:
„Денеска спасивме две ампули „Кејтруда“ а секоја чини 1.600 евра, затоа што системот точно мери до крај“.
Клиниката за онкологија во Македонија е единствената болница во светот која што го има купено КАТО системот и не го користеше до сега.
Слободен чепат пишува дека во координација со Министерството за здравство се прават напори да се оспособи системот. „Средствата треба да бидат обезбедени од Министерството за здравство кое ќе ја распише постапката кон крајот на месецов. Во овој момент не би сакала да шпекулирам за колку време би бил во функција, изјави за „Слободен печат“ директорката на Клиниката за онкологија, доктор Виолета Клисаровска…





