Утре, од 10:30 часот до 11:00 часот ќе има предупредувачки протест пред сите здравствени установи во земјава.
Во знак на револт од наталожените проблеми во здравството, ќе протестираат
здравствените работници и административно техничкиот персонал,
информираа од Независниот синдикат на здравствените работници.
-Воедно ги замолуваме сите возачи на амбулантни возила да нè поддржат со едноминутна звучна сигнализација (од 10:30 часот до 10:31 часот) во знак на револт“ – се вели во објавата на Независниот синдикат.






