Луѓе на вицепремиерот Артан Груби и премиерот Димитар Ковачевски ја водат најнеуспешната државна лотарија на светот покажува анализата на Радиото Слободна Европа на македонски јазик.
Македонската државна лотарија е единствената во светот која што и покрај монополската позиција, долга традиција и интерес од јавноста е со негативен биланс што е речиси неверојатно ако се знае дека таа никогаш предходно не била во минус.
,,Државна лотарија се фали со зголемен раст на приходите за 2022 година од 32 насто во споредба со 2021. Но, ако се изземат приходите од фирмите – ќерки, всушност е во минус.
Промоцијата и маркетингот на Државна лотарија го работат компании чии сопственици се во блиски релации со сопствениците на издавачките куќи „Арбериа Десигн“ и „Арс ламина“, покажува истражувањето на Радио Слободна Европа.
Компаниите ги добиваат тендерите во временски период кога на чело на Управниот одбор на Државна лотарија застанува Перпарим Бајрами, поранешен вработен во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби.
Покрај Бајрами, уште двајца членови во Управниот и Надзорниот одбор имаат работен бекграунд во министерството на Груби.
Споредбата на вкупните приходи на Државна лотарија во периодот 2022/2021 година, без приходите кои компанијата ги остварува по основ на вложувања во поврзани друштва, односно приходи од исплатена дивиденда, покажува негативни финансиски резултати во работата”, стои во анализата на РСЕ која содржи низа соандалозни информации кои укажуваат на сериозна корупција.
Анализата на овој линк





