Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња. Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши, објави ТВ Алфа. Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат. Рече дека немало парно греење ниту во болничките соби, ниту пак во амбулантите.

Дека детската болница „Козле“ има проблем со парното греење потврдија и од таму, но сепак не сакаа да дадат дополнителни изјави околу настанатиот проблем. Во разговор за Алфа од менаџментот рекоа дека проблемот ќе биде надминат, и сега пуштале греалки за затоплување на просториите.

Дека нема парно греење во болницата реагира и персоналот, кој не сакаше јавно да зборува. Најголемо е незадоволството има кај докторите, бидејќи во некои оддели немало топла вода за да ги измијат рацете. Економскиот директор во разговор за Алфа рече дека сепак температурата била поволна и дека наскоро ќе проработел системот за греење во болницата.





