Вработените во поранешно Фени ќе ја блокираат фабриката

Во поранешно Фени, сега кавадаречки Еуроникел Индустри вработените не добиле целосна плата. Од тие причини утре се очекува блокада во фабриката. Работите се радикализираа особено откако актуелниот менаџмент на комбинатот не успеал во петокот да ја исплати ниту целата септемвриска плата за вработените, ниту да им даде одговор ќе има ли пари за нормално работење на компанијата, како и пари за струја за печката.



Фактор дојде до писмото кое првиот човек на Синдикалната организација на Еуроникел индустри, Миле Ѓорѓиев, го испратил директно до швајцарскиот фонд ГСОЛ, кој е актуелен сопственик на кавадаречкиот комбинат.

Во него Ѓорѓиев им реферира на сопствениците каков разговор имале синдикалците со директорот на компанијата, Гркот Димитрос Пахос, и дека работниците не се задоволни од неговите одговори во врска со иднината на компанијата.

Од синдикатот информирале дека вчера, на нивно барање се одржала средба со директорот и раководството на компанијата, каде што синдикатот побарал одговор на повеќе прашања.