Шолц легна на писта во Тел Авив по закана од напад (ВИДЕО)

Ннеколку секунди пред полетувањето на авионот од аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц – се огласиле сирените за напад.



Канцеларот веќе бил во авионот, но тој , како и другитре патници, мораѓа да ја почитува наредбата сите патници да излезат од него и да легнат на пистата.

Шолц беше брзо евакуиран од авионот и однесен со автомобил во засолниште.

„ Канцеларот со свои очи можеше да види две експлозии“, пишува „Билд“.

„Билд“ пренесува дека потоа бил претресен авионот на германската влада со цел да се утврди дали има евентуални опасности.

По проверката, на Шолц и неговите соработници им било дозволено да се качат во авионот и да летаат за Каиро.