Адвокатот Јанаки Митровски прекуи социјалните мрежи упати прашање со оглед на тоиа дека и покрај најавите делови од Скопје немаат парно греење:
“ЕСМ снабдување со топлина”, нели грејна сезона почна?! М?!
Или па да не е април, а јас не знам…
Вчера пријавив дека радијаторите во зградата каде што сум јас во Аеродром се МРАЗ. По неколку часа ми се јави со одговор снимена операторка и ми вика “дефектот се санирал”.
Нити каков дефект, нити кога ќе се среди, ништо.
На нивниот сајт за дефекти улицава, односно зградава ЈА НЕМА.
Денеска пак пријавив, со надеж дека пак ќе си “зборнеме” со “операторкава”. Битно цела година си ќешираме секој месец редовно сметки.
Инаку 12-та година сум во зградава, ова никогаш, НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛО. А пола од станариве во моментот се со бебенца дома…







