„Секој може да прави во својот живот што сака и да живее на начин како што тој ќе определи согласно законот, Уставот и сите правни акти кои се на сила.



Јас потекнувам од едно традиционално семејство, за мене такво нешто е страно, сум немал такво искуство, велат луѓето го менуваат својот став или мислење кога тоа ќе го почувствуваат на сопствена кожа“, рече вчера кумановскиот градоначалник Максим Димитриевси и лидер на движењето ЗНАМ во интервју за „360 Степени“.

„Сите оние паради кои се организираат и сите тие организации го пренагласуваат овој проблем, со што само се создава дополнителна фрустрација кај мнозинството за одбивност, бидејки гледаме што се случува во регионот и традиционалните средини како нашата, луѓето се самоорганизираат и паралелно со парадите на гордоста, организираат паради на семејствата“, рече Димитриевски.

Тој вели дека има соработници кои се припадници на ЛГБТИ-заедницата и дека нема негативно мислење за нив како индивидуи, но проблемот во тоа што, според него, движењето е пренагласено и наметнува одредени ставови и мислења на останатите луѓе кои се хетеросексуалци.