Лидерот на партијата Демократско движење, Изет Меџити смета дека Алијанса за Албанците треба да биде во врвот на албанските опозициски движења, особено затоа што политичкиот наратив го градела против ДУИ.
„За жал, ако гледаме што мислат нивното раководство и нивните структури, наместо да го држеа бајракот на опозиција, тие влегоа во ваква влада и се претворија во патерица за спас на Артан Груби и на владата, бидејќи не би имале бројки, би имало други околности, но тоа е нивно внатрешно прашање“ рече Меџити во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1..
Мислам дека гласачите на Алијанса за Албанците се изградени врз наративот анти-ДУИ, против политиките на ДУИ овие 15 години и мислам дека не се комотни во комбинација со ДУИ“,вели Меџити.
Тој го повикува раководството на Алијанса да им се приклучи во опозициската борба со цел, како што вели Меџити, да направат промена.
„Јас сум убеден дека ако останат со заеднички листи со ДУИ и ДПА, разочараните гласачи или ќе останат дома или дел од нив ќе гласаат за албанската опозиција, бидејќи го поддржуваат опозицискиот дух и знаејќи го ова, апелирам да ја разгледаат нивната позиција и да дојдат каде што им е местото, во албанската опозиција.
Да направиме промена, да создадеме нов политички дух во Северна Македонија, бидејќи ќе биде здраво за демократијата, за процесите“, рече Меџити.






