
Измените на Изборниот законик како што информираат од Правда за Канал 5 се веќе доставени до партиите и до членовите на работна тело.
Можност на претстојните претседателски и парламентарни избори да се гласа и со истечени докумети за лична идентификација, поради законскиот рок за нивна замена со новото уставно име до февруари идната година, е меѓу клучните промени содржани во предлог-измените на Изборниот законик, вели во изјава за Канал 5, првиот човек на работната група Александар Новаковски. Додава дека иземните се однесуваат само на забелешките од ОБСЕ/ОДИХР и ќе важат од изборите догодина.
Измените на Изборниот законик како што информираат од Правда за Канал 5 се веќе доставени до партиите и до членовите на работна тело, а во текот на денешниот ден ќе бидат доставени и до ВМРО-ДПМНЕ, единствента партија која нема свој претсавник во групата. Рокот до кој ќе можат да дадат свои предлози и забелешки, истекува на 24-ти октомври. Првиот човек на работната група Новаковски не очекува голем број забелешки од опоизициската партија бидејќи отаму во неколку наврати изразиле подготвеност да ги поддржат измени поврзани со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.
Во меѓувреме, иако и Ковечевски и Мицкоски се изјаснија дека и за двајцата е прифатливо, наместо на лидерска датуимите за избори и дали тие ќе бидат споени или одвоени да ги договараат партиски тимови, засега нема конкретна најава кога истите би се формирале. Собранискиот спикер Џафери во телефоски разговор за Канал 5 вели дека доколку партиите побараат, тој е подготвен за формирање на собраниска работна група со претставници од партиите, на кое би се одлучувало околу датумите за избори. Сепак, на денешната редовна кориднација со кординаторите пратеничките групи, вели дека тоа не било побарано.





