Пола Скопје без парно, граѓаните реагираат дека цела година плаќаат за на крај да немаат греење

Пола Скопје без парно, граѓаните реагираат дека цела година плаќаат за на крај да немаат греење. Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, извести ЕСМ.



Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, велат од ЕСМ.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Граѓаните добија парно греење, но по стара цена. Засега Регулаторната комисија за енергетика не носи одлука за нова цена се додека не биде поставен новиот топловод по мостот Беласица, за кој градот Скопје и ЕСМ се натегаат со месеци. За граѓаните е нејасно по која цена ќе ја плаќаат услугата со оглед дека се уште не е почната замената на цевките на топловодот под мостот Беласица.

Градско парно користат над 60.000 домаќинства, најмногу приклучени има на ЕСМ, додека најмалку на топланата Скопје-Север.