Професорката Мирјана Најчевска реагира на оптимизмот на вицепремирот за евроинтеграции, Бојан маричиќ дека „суштински чекори за проширување на ЕУ. И тоа е голема позитивна промена за нас како земји кандидатки“.



„Ама како сме блиску до целта – вели Најчевска – кога не сме мрднале ни ангстрем во воспоставување на владеењето на правото, кога судската власт е под партиска команда, кога обвинителството е криминализирано, кога Собранието е составено од марионети, кога министрите не комуницираат со премиерот туку со претседателот на партијата, кога мафијата има пуштено пипци во секоја пора на општетсвото, кога неказнивоста продолжува на сите нивоа од власта …? – прашува Најчевска.