Додека народот преживува во премиерот, вицепремиерите, министрите кои добиваат над 2000 евра плата во владиното бофе јадат рамстек, јунешко соте и други видови храна за бадиела.
Според дневното мени за 12 Октомври од владиното бифе, кое го објавува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, Ковачевски и членовите на влада можат за 250 денари дневно да уживаат во одлична храна. Ако оваа храна треба да ја плати некој граѓанин во некој ресторан ќе чини меѓу 1000 и 3000 денари. За министрите оваа храна е речиси бадиела иако тие имаат и до 4 пати поголеми плати од просечната и околу 7 пати поголема од минималната.
,,Смрзнати цени во владините бифеа, наместо во продавниците.
Убаво си ги пишува цените за дневното мени. Пред да се затрчаат за “лажни вести” нека видат датумот, 12 октомври, извор СОЗР!
Може да нема омлет со свинско, ама тука е порција омлет со пилешко!
Народот се турка за корка леб, а Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци, си сркаат пилешка чорба за 60 денари, вртат на вилушка омлет со свинско за 65 денари. Може и сланина на скара за 110 или вешалица од свинско каре за 135 денари.
Некој нека најде копан со ориз за 100 денари, грав со сланина за 150 денари, тост со свински врат 75 денари на друго место освен во влада за министрите.
Или Битиќи, оној што убедуваше за “перки од ајкула” па поскапе се’, може да се заблажи со тулумба или штрудла со тиква за по 30 денари.
Не верувам дека некаде се јаде по овие цени, во болница или во студентски дом.
Со овие цени, доручек, ручек и вечера за функционери доаѓа околу 250 денари. Чорба за доручек, готвено за ручек, тост за вечера”, пишува Стоилковски објавувајќи го менито за владата користејќи го хаштаговите:
#БитиќиДаЈадеНаНародДаНеДаде
#ЌеСркатеШтоСтеДробеле





