Почина Војче Китаноски

Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски, човекот кој пет децении ја смееше македонската публика. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности, а причината сеуште не е позната. ОД она кое засега се знае е дека денеска полиција отворила во неговиот дом и го пронашле безживотното тело.
Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители и имал лиценца за туристички водич.
научно докажано. Јас се занимавам со хумор 50 години, а поради тоа ќе се занимавам уште 500 години. На народот во државата му значи хуморот. Тој е најдобриот лек. Го има и во законите, каде што е пропишана „дозата“ што секој граѓанин пред пандемијата требаше да ја прими преку спортот и забавата, а во второто влегува хуморот – вели Китановски.



Денот на независноста 8 Септември во 2017, тој ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.

– Македонци, дојде Тито да ви го честита празникот 8 Септември“, им велеше Китановски на граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата и голем број од нив застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот. – велеше во негов стил.
Тој е автор на книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.