Скандал со македонската амбасадорка во Светата Столица во Ватикан каде дипломатското претставништво под команда на претставничката на Македонија се однесувало неприфатливо на социјалните мрежи.
Амбасадата на Македонија во Ватикан под команда на амбасадорката Марија Ефремова се вклучила во дневно политичка пресметка меѓу претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На социјалната мрежа Твитер Ефремова или некој по нејзина наредба и со нејзина дозвола ставил лајк на твит на шефот на државата во кој Пендаровски на примитивен начин се пресметува со Мицкоски што не прилега на една македонска амбасадорка.
Да биде скандалот поголем Ефремова или некој со нејзина дозвола ставил лајк од официјалниот Твитер профил на амбасадата што е целосно спротивно на сите дипломатски правила.
Упатени во домашната политика и дипломатија тврдат дека скандалозниот лајк на амбасадата под команда на Ефремова најмногу се однесува на делот од твитот на Пендаровски во кој тој зборува за тоа дека Груевски наводно имал поголем рејтинг од Мицкоски.
,,Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг.
Имено и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски.
Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ”, стои во твитот на Пендаровски на кој амбасадорката ставила знак за допаѓање.
Ефремова важи за блиска на екс премиерот Груевски кој во 2008 година ја испрати за прв пат да биде амбасадорка во Велика Британија.
За вакво вклучување на дипломатски претставници во дневно политички пресметки во Македонија која ги плаќа да бидат професионални и објективни во нормални земји МНР веќе ќе ја повикале Ефтимова на консултации да објасни зошто некој го злоупотребил официјалниот профил на македонската амбасада за политички и лични цели.
Лајкот на Ефремова или некој под нејзина команда на Х поранешен Твитер заедно со лајкови од многу ,,Борови” на СДСМ стои повеќе од 50 часа.
Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг.
Имено и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски.
Во македонската политичка историја,…
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) October 13, 2023






