Наместо да се извини Битиќи става лајкови на статуси против ТВ Алфа

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи два дена не дава извинување за нападот врз новинарот на ТВ Алфа Матеја Петровски, но е активен на социјалните мрежи каде со „лајк“ поддржува статуси против телевизијата.



Вицепремиерот го нема никаде да се извини на Алфа Телевизија и по сите реакции од новинарските здруженија па и од ААВМУ , ама е активен за да ги поддржи само оние статуси во кои се напаѓа ТВ Алфа и нејзината уредувачка политика.

Според познавачите , односнот на политичарите кон новинарите е предизвикан од неизвесноста пред избори , опасноста од политичка криза, страв од губење на власта. Дрскиот одност на политичките лидери во Македонија не е новина кога ќе им се упати прашање во кое немаат можност да се „ пофалат“ во одговорот и ова укажува дека во Македонија недостига политичка култура и политичка вештина

Секогаш политичката сиуација има влијание врз однесувањето на новинарите , ние сме во една специфична состојба во овој момент, бидејќи пред нас се два изборни циклуса една неизвесност, опасност од политичка криза , опасност од политички партии да се факторизираат од политичката сцена и луѓето треба да сфатат дека тоа е нормална работа во политиката. Во политиката не си за да жнееш успеси и да те тапкаат по рамо. Луѓето кои се на врвни политички функции да се подготвуаат за неуспеси и на некој начин да ги менаџираат сопствените неуспеси во политиката, вели Бранко Героски.

Дека не постојат некоректни прашања како што Премиерот му одговори на новинарот на Алфа, посочува целата јавност. Должност на репортерот е да поставува прашања кои се од интерес на широката јавност, а избраните и именуваните лица мора да ги одговорат . Според Героски , Битиќи немал никаква разумна причина да ја напушти прес – конференцијата .

Старото правило вели дека новинарот не мора да ги знае сите одговори , но мора да ги постави сите прашања. Во прашањето на новинарот за Телевизија Алфа јас не видов лично не видов ништо спорно, тоа не беше прашање со теза, како што обично се смета за некоректните прашања, така да немаше никаква разумна причина Битиќи да го напушти пресот и да се налути, лично сметам дека станува збор за еден лош ден на господинот Битиќи, бидејќи него не го познаваме како човек кој на ваков начин се однесува кон новинарите, коментира новинарот Героски .

Новинар на Алфа Телевизија го праша Премиерот Димитар Ковачевски дали е подготвен поради високиот цензус доколку не успеат претседателските избори, целата власт да биде во рацете на ДУИ како политичка партија , по што вицепремиерот Фатмир Битиќи ја напушти прес – конференцијата , а пак Димитар Ковачевски како негов шеф го оправда за таквото однесување кон медиумите и дури и посочи кон новинарот дека поставил некоректно прашање . Однесувањето го осудија ЗНМ , ССНМ , МАН , ААВМУ а се бара јавното обвинителство уште утре да отвори предмет по допрен глас за говор на омраза.

Извор ТВ Алфа

Човекот што ја лажеше јавноста за оставката поради болест никако не сака да замине

Дваесетина македонски писатели бараат претседателот на ДПМ да каже кој му врши притисок