Медиумите „од доверба“ ќе имаат предност на „Фејсбук“

Фејсбук ќе им да дава предност на „доверливите“ медиуми како дел од борбата против сензационализмот и „лажните вести“, изјави извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, цитиран од агенциите.



Фејсбук има над 2 милијарди корисници месечно и ќе ги интервјуира за да утврди кои медиуми заслужуваат доверба.

Од следната недела, на „newsfeed-от“ на Фејсбук приоритет ќе имаат „висококвалитетните вести“, нааспроти оние од медиуми кои уживаат помала доверба.

„Ќе ги прашаме нашите корисници дали го знаат изворот на вестите и дали му веруваат. Некои медиуми се сметаат за веродостојни само од своите читатели или гледачи, додека други уживаат поголема степен на довербата на јавноста, дури и од луѓе кои не ги следат директно“ објасни Цукерберг, цитиран од Франс прес.

Во зависност од одговорите на корисниците публикации од медиуми кои се сметаат за доверливи, ќе бидат повидливи на  Фејсбук/.