СДСМ, владата и премиерот не демантираат дека Ковачевски ,,има интелектуални предизвици”

СДСМ, владата и премиерот цели 24 часа не демантираат дека Ковачевски има ,,интелектуални предизвици” е какво што е мислењето на еден од највлијателните Македонци на социјалните мрежи.



Ниту Илинденска, ниту Бихаќка ниту пак кабинетот на премиерот не ја демантира оценката на Иљче Затаракоски кој вчера анализираше дека Ковачевски не се налути за можноста ДУИ да ги води сите најважни државни функции во Македонија затоа што има ,,интелектуални предизвици”.

,,А зошто Битиќи не ѝ се лутит на ДУИ, која и после 20 години на власт, нема ниту еден Македонец функционер или барем член.

Или то не му е проблем?

За Таче знајме зш не се лутит. Пошо е глуп”, напиша Затаракоски по што дел од јавноста очекуваше премиерот Ковачевски да демантира дека е глуп и да каже дека е умен.

Но тоа не се случи со што се отвара дилемата дали владата, СДСМ и Ковачевски кои интензивно ги следи социјалните мрежи се согласуваат со Затаракоски или пак ме ја виделе објавата.

Според законот за граѓанска одговорност Ковачевски има право да демантира или да побара извинување а ако не ги добие на суд ќе докажува дека нема ,,интелектуални предизвици” односно туку паметен.

Г. М.