„Не е добро за Македонија да не поминат уставните промени, затоа што ако се одвои Албанија, ќе останеме со Косово, каде што реално постојат проблеми, и БиХ, која е недефинирана држава. Ќе останеме држава каде што надежта умира. Кога имате екстремна левица, реципрочно ќе се роди радикална десница, или кај некоја од партиите што постоиме, или во нова партија.
Ќе се отвори Пандорината кутија, вели лидерот на Алијанса за Албанциуте Арбен Таравари во интервју за Фокус.
Тој предупредува дека „исто како што излегува Левица кај Македонците, гарантирам – нека излезе една албанска партија и нека каже сѐ против државата, ќе ја поделиме, ќе направиме вака-така, веднаш ќе добие гласови“.
Тарфавари вели дека на Македонија ѝ треба нов Устав, но не под притисок и во брзање. Нека седнат експертите, партиите, нека се отвори дебата кај граѓаните.
„Ајде да ги отвориме темите, како може да се организираме подобро.
Еден предлог може да биде 20 развиени општини. Можеби парламент со 50 пратеници. Можеби еден парламент со 20 градоначалници, а еден парламент со пратеници, како конгресот и сенатот во САД. Треба да размислиме за неколку опции со кои државата подобро би функционирала.







