Приведен е бараниот за нападот врз бугарскиот фудбалски навивач, кој беше избоден со нож по натпреварот меѓу бугарскиот клуб „Левски“ и македонскиот ФК „Шкупи“ на 27 јули во Скопје.
Бараниот бил фатен при влез во Македонија преку контролниот пункт „Ќафасан“ на границата со Албанија.
„Вчера(14.10.2023) околу 08.20 часот на граничниот премин Ќафасан, при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје, кој бил баран со потерница поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство на 27.07.2023 извршено на ул.”Цветан Димов” во Скопје врз навивачи на ФК „Левски“ од Софија, соопшти МВР.







