Незири: Иванов работи само за Македонците, сака етничка поделба

Аналитичарот Џелал Незири оценува дека се очекувало претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот за законот за употреба на јазиците, бидејќи тој се водел од интересите исклучиво на Македонците, што можело да резултира со етничка поделба, пишува „Бота Сот“.



“Сето време, Ѓорге Иванов беше воден само од потребите и интересите на една етничка група, македонската, обидувајќи се да се претстави како заштитник на нивните интереси. За време на неодамнешната криза Иванов имаше партиски пристап, секогаш во согласност со ВМРО-ДПМНЕ. Несомнено, ова е фактор кој ги поттикнува конфликтите и етничките поделби во мултиетничката држава”, смета Незири.

На само неколку часа пред истекот на рокот шефот на државата одлучи да не го донесе Законот за употреба на јазиците, со образложение дека го загрозува унитарниот карактер, суверенитет и територијален интегритет на земјата.

Законот за употреба на јазиците беше усвоен од народните избраници на 11 јануари, што според медиумот е „и последна обврска на Охридскиот договор, со цел албанскиот да биде официјален јазик, покрај македонскиот„.