Одбранбените сили на Израел (IDF) објавија снимки за кои тврдат дека покажуваат како Хамас го блокира конвојот на цивили кои се евакуираат од северниот дел на Газа.
Израел до вчера со 16 часот по локално време даде рок за евакуација на целото население од северната половина на Појасот Газа, каде се наоѓа и најголемата населба во енклавата, градот Газа.
Од друга страна, Хамас му порача на населението да остане.
Израел вели дека Хамас ги спречува луѓето да заминат за да ги користи како жив штит, што Хамас го негира.
IDF објави снимки од беспилотни летала за кои тврди дека покажуваат физички блокади на Хамас кои блокираат конвој цивили кои се обидуваат да го напуштат северниот дел на Газа.
„Ова е реално. Хамас насилно ги спречува своите цивили да се евакуираат кон јужниот дел на Газа“, се вели во соопштението на IDF.





