Пропаднаа ветувањата ека цевките на мостот Беласица кој беше опожарен во мај, ќе бидат поставени на време, односно пред почетокот на грејната сезона која започнува – денеска.



Арсовска: ЕСМ треба да го санира мостот „Беласица“ – парно ќе има

На терен нема работници, јавува ТВ Сител. Ги затекнавме само цевките кои се наредени под мостот веќе трет месец, неколку граѓани кои спортуваат и виснати кабли од железничкиот мост. Местото не е ниту расчистено, па насекаде под мостот се рафрлани изгорени остатоци.

Најпрво треба да се стави нова подлога и држачи, па потоа да се наместат новите цевки. Планот беше тоа да се направи до утре, па се пролонгира и сега рокот е до крајот на ноември.

Проблемите со мостот траат уште од мај кога избувна голем пожар. Два месеца се чекаше ескпертизата која покажа дека е потребна лесна санација, а потоа Градот и ЕСМ „си ја префрлаа топката“ кој треба да го поправи. На почетокот на септември за сообраќај беа пуштени две ленти.

„…Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите“- Александра Маројевиќ, помошник на директорот за производство од АД ЕСМ.