Уште денеска сончево и температури до 30°C, а од утре…

По свежото утро, денесека се очекува сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност.



Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 29 степени.