Ѓаконот Андреј Кураев, испровоциран од однесувањето на Грчката црква во однос на прашањето за името на Република Македонија на својот блог саркастично забележува дека грчките владици с’е уште не знаат дека Константинопол веќе одамна е паднат.
„Навистина е глупаво да им кажувате на другите народи како да се нарекуваат себеси. На крајот, грчката верзија на историјата на грчкиот народ не е помалку митологизирана од која било друга“вели рускиот теолог и влијателен активен блогер, Андреј Кураев.
Тој ги оценува како ретроградни и полни со бес националистички изјавите на грчките владици за прашањето на името на Македонија, пренесува „Религија.мк“.





