„Ако се случи ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за уставните измени, тогаш меѓуетничките односи ќе се заострат и Албанците ќе се радикализираат. За да не дојде до ова, добро е меѓународниот чинител повторно да ги ‘запали моторите’ и да го реши тоа прашање до крај.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот уреднички коментар со наслов „Зошто се продава имотот на Груевски, дали затоа што не успеа во обезбедувањето на 80-те пратеници за уставните промени?“.
Покрај другото, „Журнал“ пишува: Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека е започната постапка за враќање на парите во државниот буџет од конфискуваниот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Станува збор за станови, апартмани и градежно земјиште, кои се одземени со правосилни судски решенија. Продажбата на имотот на Груевски уследува набргу откако во јавноста почнаа да се вртат „сигурни“ информации дека тој ќе се врати од Будимпешта во Скопје, како награда за наводната помош, што ќе ја даде за обезбедувањето неколку пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, заради достигнување на мнозинството од 80 гласови во Собранието, кои се потребни за изгласување на уставните измени.
Дали Груевски се премислил?
Продажбата на имотот на Никола Груевски отвора неколку дилеми. Дали тој се повлече од „соработката“ за изгласување на уставните промени? Или меѓународните претставници не дале согласност за таков договор? Или Груевски е толку многу богат, што продавањето на неколку негови станови не му наштетува во голема мера, па преговорите се уште траат зад сцената? Ако се покаже како вистина дека дека Груевски бил во комбинација за обезбедување 80 пратеници, но не успеал, или можеби се повлекол, забележувајќи дека е подобро да не помогне во оваа насока, тогаш тоа значи дека имаме чекор назад во исполнувањето на условот за почеток на преговорите со Европската Унија.
Тоа значи и дека апсолутното мнозинство од граѓаните на * Македонија, кои се за влез во ЕУ, повторно се заложници на апсурдните политички и парламентарни математики, кои се подигнати како „кинески ѕид“ на патот кон остварувањето на целта. да се биде дел од обединета Европа. Ова најмалку и треба на * Македонија во овие моменти, бидејќи може да доведе до непредвидливи случувања. Имаме 75-80 „мултиетнички проценти’, кои се за колку е можно поскорешно членство во Е. Во тој процент ги имаме и Албанците од * Македонија, кои, освен што сакаат најбрзо членство во ЕУ, исто така, не сакаат нашата земја да стане и пречка за Албанија, Косово и целиот регион.
Ако нема промени, ќе има надразнувања и заострувања во меѓуетничките односи!
Претседателот на Евроатлантскиот совет во Скопје и поранешен пратеник Исмет Рамадани предупреди дека тоа може да донесе ново и непотребно надразнување и заострување во меѓуетничките односи во * Македонија. „Ова ги оптоварува меѓуетничките односи. Ако продолжи оваа деструктивност, кај Албанците уште еднаш ќе се врати нивниот став дека дејствуваат институционално, дејствуваат за влез во ЕУ, оти дејствуваа и за влез во НАТО, но една структура, или значителен број Македонци и натаму гледаат на нив како на непријатели, што не е вистина. Сето ова може на некој начин да ги влоши меѓуетничките односи… Ако се случи ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за уставните измени, тогаш многу сум убеден дека меѓуетничките односи ќе се влошат. Ќе имаме тензии, затоа што напредните Македонци, кои се за НАТО и за ЕУ, и воопшто Албанците, ако некој ги попречи во нивниот пат кон членство во ЕУ, ќе се радикализираат.“ – изјави Исмет Рамадани.
Тој дополнува: „Кога велам радикализација, мислам на тоа дека меѓуетничките односи ќе станат напнати, бидејќи Албанците не прифаќаат Албанија да оди кон членство во ЕУ, а и Косово поради стратегиски интереси забрзано да тргне кон НАТО и ЕУ. Овдешните Албанци нема да го прифатат овој став на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не го анализира воопшто прашањето дека и да дојде до поголема бројка на пратеници на следните избори, без да гласа за уставните измени, нема да има сојузници, односно нема учество на некоја албанска партија во таа Влада.“
За да не дојде до оваа ситуација, добро е меѓународниот чинител повторно да ги „запали моторите“ и да не го остави тоа прашањето ниту во рацете на Груевски, ниту на Мијалков, ниту на сегашни политичари, ниту на поранешни политичари, туку да оди до крајот на ова прашање. Факт е дека * Македонија е независна и суверена држава, но факт е и дека сè уште не сме толку етаблирани. Последните три децении покажуваат дека не сме можеле да ги донесеме историските одлуки без моќна помош од странство. Така треба и сега, иако ќе се повтори феноменот – 100 дена ќе ги пцуеме меѓународните претставници, но 100 години ќе им благодариме.





