Мицкоски негира за наводни средби меѓу раководставата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои ги споменува Ковачевски

„Премиерот  Димитар Ковачевски денеска јавно упати прашање до лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски колку пати тој и членови на партиското раководство во последниот период барале и имале средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со високи претставници на оваа партија.“ објави „360 степени“.



„360 степени“ пишува: „Истите тие партии, коишто сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ, за која што денеска зборуваат. Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и членови на нејзиното високо раководство и колку пати во последните шест месеци барале и оствариле средби со лидерот и високи функционери на ДУИ? За што разговарале на тие состаноци, ако ги имале?“ – праша премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски за време на денешниот традиционален собир во прилепско Селце, а по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето одговори од Штип, каде денеска беше во теренска посета во рамките на партиската кампања „Важно е! Од тебе зависат промените!“. Тој рече дека немал ниту една средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и оти ниту има намера да бара.  

„Не знам, бидејќи тој поставува прашање, претпоставувам оти тој го знае одговорот. Ниту еднаш, ниту сум барал, ниту имам намера да барам средба со лицето, кое го споменува Ковачевски. Јавно барам лидерска средба, на која повеќе од три децении седнуваат сите претседатели на парламентарни партии и договараат датуми за избори. – посочи Мицкоски во својот одговор.

Прашањето премиерот и лидер на СДСМ Ковачевски го постави тоа прашање во контекст на неговиот одговор пред новинарите во врска со моментот кога вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го напушти пресот, откако Ковачевски беше прашан – дали остануваат на ставот дека нема да има заедно парламентарни и претседателски избори и дали се подготвени како Влада, ако не успеат изборите, целата држава да биде во рацете на ДУИ.

„Во нашата држава постојат две политички партии, коишто во моментов се во опозиција, тука пред се мислам на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, на кои единствена агенда во моментов им е секојдневно ширење тензии врз национална основа. известуваат за сè она што е кажано од политичките партии. Тоа не води напред кон европски концепт на државата, туку води многу назад кон еден концепт на државата, кој видовме како изгледаше во 2001 година, а го водивме и како изгледаше 11 години во време кога државата беше изолирана во однос на евроинтеграциите, во однос на интеграцијата во НАТО и каде што имавме целосно детериорирање (прев.влошување, упропастување) на односите како со соседите, така и внатре во нашето општество.“ – изнесе Ковачевски.

Лидерот на опозициската ВМРО ДШМНЕ Мицковски нагласува дека Ковачевски треба да го разреши вицепремиерот Фатмир Битиќи, поради неговото однесување на вчерашната прес-конференција.  Според Мицкоски, СДСМ треба да се огради од постапката на Битиќи која, како што наведе, е лоша пракса како треба да се однесуваат политичарите.