Неколку часа пред грчкиот премиер да објави дека никогаш не постоела македонска нација, македонскиот премиер Заев потврди дека ќе се сретне со него на 24 јануари на светскиот економски форум во швајцарскиот грас Давос.
Предходно, завчера министерот Димитров изјави дека МНР работи Заев да добие средба со грчкиот колега.
Уште порано во понеделникот претставници на владата во Атина дадоа услов за средбата.
Според нив, како што пренесе Катимерини, до средба може да дојде само ако има суштински напредок во преговорите за името.
Со оглед на изјавата на преговарачот Наумовски за кого предлозите за името се далеку од достоинствени се поставува прашање како е направен суштинскиот напредок во преговорите како предуслов за средбата Заев – Ципрас.
Дали за таков напредок се смета изјавата на премиерот кој објави дека Македонија нема црвени линии или пак напредокот е сторен на полутајната средба во хотелот Македонија Палас меѓу министрите Димитров и Коѕиас.
Третата опција е Македонија и Грција да водат тајна дипломатија во која далеку од притисокот на јавноста со меѓународна помош се договараат отворените прашања.
Друго прашање е за што може Заев да разговара во Давос со Ципрас откако тој не прогласи за нација што не постои.
Било каква друга дебата и игнорирање на темата признавање на засебниот македонски идентитет ќе значи дека Заев премолчено се согласува со својот колега.





