Арсовска: Во ЈСП нема недостиг од возачи

Градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека јавното сообраќајно претпријатие не се соочува со недостиг на возачи по информациите дека десетици веќе заминале на работа во странство.



ЈСП останува покус за уште 37 возачи

„Напротив, има и нови 36 кои се пријавиле на последниот јавен оглас тоа значи дека има интерес за лица кои сакаат да работат и да живеат во Македонија, а не надвор од држава“.

Арсовска вели дека тој што го пласира тоа за да сее страв и да изврши некаков притисок во јавноста преку медиумите и да влијае на самиот углед на претпријатието, ќе си добие соодветна пријава.

Пријавата нема да биде за клевети туку за кривично дело, затоа што ова веќе ги надминува сите граници на нашето нормално живеење и комуницирање со јавноста, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Не може некој да сее страв и паника меѓу граѓаните, а тие секојдневно да се прашуваат дали ќе стигнат на своето работно место или не, затоа што некој си дозволува неказнето да пласира невистини по јавноста и медиумите“, изјави Арсовска.

За ситуацијата со приватните превозници и тврдењата дека немаат примено приходи од август, таа вели дека тоа се невистини, политички манипулации и лаги, пренесе Слободен печат.

„Некој се обидува свесно да наштети, знам дека сум таргет на сите најголеми политички чинители во државата, јасно ми е дека коалицијата СДСМ-ДПМНЕ функционира перфектно. Секој ден се што имаат да пласираат, напаѓаат само еден човек. Јас тоа го гледам секојдневно“, вели Арсовска.