„Меѓутоа тоа е прашање кое е во рацете на самата земја, на Собранието“, изјави вчера шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.
„Што се однесува на уставните измени, како што веќе знаете, тоа прашање произлезе како дел на билатералниот Договор помеѓу Македонија и Бугарија којшто се постигна во јули 2022 година. И токму тој договор ја отвори можноста Република с. Македонија да може решително да се придвижува на нејзиниот евроинтегративен пат, односно да ги отвори пристапните преговори како резултат на што го имавме и отворањето на скрининг процесот. Следниот чекор во овој процес навистина зависи од усвојувањето на уставните измени, меѓутоа тоа е прашање кое што е во рацете на самата земја, во рацете на Собранието и тие коишто се засегнати со тоа.
Тоа е суверена одлука која што треба да се носи, но штом ќе се донесе веќе преминуваме кон следниот чекор што значи дека земјата продолжува да се придвижува напред на патот кон ЕУ и нема други дополнителни одлуки коишто треба да се носат понатаму“, рече Гир, пренесува Макпрес.
Евроамбасадорот посочи на создадениот моментум во однос на забрзување на процесот на проширување како разултат на руската агресија во Украина.







