Во ,,Стоби” во Прага ечи ,,Излези момче” пред мечот со Украина (ВИДЕО)

Дел од македонската ,,Фаланга” во Прага пред мечот со Украина е собрана во македонскиот ресторан ,,Стоби” каде се подготвува за утрешниот меч против Украина во квалификациите за ЕП 24.



Традиционално македонските навивачи кои утре на стадионот на Славија ќе ги има над 1000 на стадионот кој собира околу 19 илјади а за овој меч ќе биде пополнет само половина од капацитетот.

Членовите на Фалангата во Прага дојдоа од Македонија и од голем број други градови од Европа.

Мечот против Украина се игра во Прага поради војната во оваа земја.