Откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја разреши екс директорката на скопски Комуналец, се огласи и таа, и се чуди што се случува во јавните претпријатија.
- – Госпоѓа Арсовска мора да ги каже причините, ова меѓу другото се вели во изјава за ТВ21 на Косана Мазнева, која вчера беше разрешена од функцијата директор на ЈП Комунална хигиена.

Мазнева не исклучува дека оставката може да има политички мотиви и додава дека во известувањето за разрешување се наведени општи акти од законите, без да наведе за што точно е разрешена.
- – „Не можам да ги кажам причините бидејќи не сум однапред информирана за причините за отказот. Не можам да коментирам за туѓи изјави и презентации. Можам да зборувам само за успесите на „Комунална хигиена“ во периодот додека бев директор, потенцира Мазнева за ТВ21.
Пред да ја разреши, градоначалничката Данела Арсовска, за екс директорка на „Комунална хигиена“, не штедеше пофални зборови. Јвно ја фалеше дека е храбра жена, која се спротивставува на мафијаши, и дека Мазнева-Николиќ, направила нешто, што мажи не го направиле 30 години. Градоначалничката рече и дека во ова јавно претпријатие, луѓе со години не оделе на работа, возеле камиони во Германија, а земале плата од Македонија.





