Рекоа дека повлекувањето на учебникот со грешки ќе чини од 200 до 300.000 евра и одговорност за никого нема.
Да потсетиме, во учебникот по историја и општество за петто одделение, стои дека Албанија е источен сосед на Македонија, додека западен е Бугарија и дека највисокиот врв на планетата Монт Еверест е висок 29.305 метри.
Од парите од буџетот од граѓаните потрошивме за ништо, за нешто што ќе се фрли во ѓубре, вели Весна Јаневска, претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Република“.
Според Јаневска, штетата која на направи поранешната министерка Мила Царовска во образованието е огромна.
„Дали нејзината концепција ќе ја укинеме или ќе ја ревидираме зависи од тоа што концепцијата е врзана со кредитот од 22,5 милиони евра.Ако тој кредит е поврзан баш за концепцијата ние не можеме да речеме дека ќе ја укинеме, но сериозно ќе ја ревидираме и ќе направиме наставни планови и програми кои ќе бидат соодветни за нашето подрачје, блиски до учебниците и наставниците.Нема да биде лесно ниту брзо.Од ВМРО многу се очекува а сакаме наставниците да бидат задоволни а нашите деца да знаат исто колку што знаат децата во Европа“ вели јаневска.







