Арсовска: ЕСМ треба да го санира мостот „Беласица – парно ќе има

Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат своите обврски за да се почне навреме со грејната сезона“, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, според која „поставувањето на топловодната мрежа кај мостот „Беласица“ е надлежност на ЕСМ, како и санацијата од горењето на изолацијата од претходната топловодна мрежа што била таму поставена.



Цевководот под мостот „Беласица“ ќе биде пуштен во декември, ќе има ли парно од 15 октомври?!

Градоначалничката вели дека Град Скопје нема никакви договори со ЕСМ и повтори дека тоа е нивна надлежност.

„Предуслов за да можат да се постават тие топловодни цевки е истото место каде што треба да се постават да биде санирано. Невозможно е да има безбедно поставување доколку тоа  што било поставено не е санирано. Тоа е, повторувам уште еднаш, само козметичка корекција којашто мора да се направи, не влијае ниту на безбедноста, ниту на сигурноста на инсталацијата којашто ја имаме таму, ниту на самиот мост“, изјави Арсовска.

Додаде дека очекуваат од ЕСМ навремено започнување на санацијата и завршување на нивните обврски што се однесува до мостот Беласица.