Ќе „падне“ ли и оваа бугарска влада!?

Пратениците изгласаа недоверба на владата Денков-Габриел во секторот „Енергетика“. Гласањето го поднесоа пратеничките групи на БСП, ИТН и партијата „Преродба“



Поранешниот премиер и актуелен копретседател на ПП/ДБ Кирил Петков изјави дека користењето гласање за недоверба во изборна кампања ја покажува политичката слабост на опозициските партии.

„Вашите гласачи заслужуваат повеќе, ова гласање недоверба нема да помине“, сигурен е Петков.

Тој увери дека Владата ќе се бори за луѓе во енергетскиот сектор, за здрави и образовани деца, за поплатени работни места, за Бугарите како повисока класа на Европејци, пренесоа медиуми.

Кирил Петков се сомнева дека некои пратеници жалат што Бугарија е во ЕУ и со задоволство би биле дел од Евроазиската унија на рускиот претседател Владимир Путин.

„ОН гледаат на владата на Денков со доверба дека може да ги заштити правата на луѓето“, рече и Петков.