„Во Македонија имаме сериозен сомнеж дека сме под континуиран физички надзор како опозициски политичари, што најверојатно незаконски го прават одредени структури кои се во безбедносниот сектор во државата.



Тоа што исто така можам да го кажам е дека дел од овој вид на злонамерен софтвер е произведен во Македонија. Една компанија, компанијата „Ситрокс“, веќе е на црната листа на САД токму поради оваа работа“, информирал Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото обраќање во Советот на Европа.

Николосѝки рече дека било побаран собраниски надзор, „но не добивме кредибилен демант дека во Македонија нема надзор на граѓаните со таканаречен злонамерен софтвер или напреден софтвер, кој буквално влегува во домот на граѓаните“, објавуи ВМРО-ДПМНЕ.