Јапонскиот оперски пејач и голем вљубеник во Македонија, Казухиро Котецу, го честита Денот на народното востание на македонскиот народ 11 Октомври со партизанскиот извик „смрт на фашизмот, слобода на народот!“.
Котецу, претседател на Токиската опера, настапи вечерва на Меѓународниот фестивал на камерна музика, „Интерфест“ во Битола со оперски арии и македонски народни песни, чии сопствени препеви ги промовира на својот канал на Јутјуб.






