Владата пак се изрезили – Македонија ја нема на владиното лого за денот на востанието

На владиното лого „Непокор и слобода“ по повод денешниот државен празник 11 Октомври, кога почнала македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор, повторно изостанаа Македонија и Македонци, а во обраќањата на функционерите по повод 11 Октомври, никаде не се спомна „бугарскиот фашистички окупатор“.



Денеска, на 82-годишнината од денот кога започнала борбата на македонскиот народ, впрочем како и изминатите години на државни празници, отсуствуваше музичка композиција или телевизиски најави за 11-ти Октомври, а премиерот Димитар Ковачевски дури утрово на социјалните мрежи го објави симболот за одбележувањето на денешниот ден – пишува Плусинфо.

Социјалните мрежи вријат од коментари за „Ден на народното востание“, со прашања: „Чие народно востание? На кој народ? Во која земја? Со години се велеше „востанието на македонскиот народ”. Сега исчезна “македонскиот народ”. И Макеоднија не се спомнува“.

Во говорот на централната манифестација на спомен костурницата во Куманово, Ковачевски го искористи моментот за да повтори дека мора да се донесат уставните измени за Македонија да го продолжи европскиот пат.

Целиот текст на Плусинфо на следниот линк:

https://plusinfo.mk/za-chie-narodno-vostanie-zboruvaat-vladinite-funkcioneri-gra-anite-prashuvaat-na-ko-narod/