Македонските државјани од Израел се повлекуваат со туѓи летови

Министерството за надворешни работи денеска информира дека уште девет наши државјани го напуштиле Израел, преку различни транспортни рути.



Станува збор за четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград. Вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел, соопшти МНР.

„Дваесет пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, од каде ќе се работи на нивно заминување од Израел.“, соопшти МНР.

Неколку од летовите за кои веќе било договорено место, биле откажани.
Македонија е единствената земја во регионот која не испрати или организираше специјален авион за да ги евакуира своите државјани. Во моментов околу 100-тина македонци чекаат да се ослободи некое место за да можат да заминат од опасното подрачје и да се вратат во Македонија .