25 годишен скопјанец брутално ја нападнал сопругата пред влез од зграда во Скопје

25 годишен скопјанец физички ја нападнал неговата сопруга пред влез на зграда во Кисела Вода во Скопје . Според соопштението од ОЈО , обвинетиот ја влечел за коса, ја изгребал, ја гризнал и упатувал закани по животот .
Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда.
Јавниот обвинител до Основиот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.