Сопственикот на поранешната социјална мрежа Твитер и сегашна „Х“, побара од шефот на ЕУ да му испрати список со правила што ги прекршил откако ЕУ го прозвала да се справи со ширењето на дезинформации за конфликтот меѓу Израел и Хамас на неговата платформа.



Европскиот комесар Тиери Бретон му напиша на Маск дека има индиции дека платформата на Маск „X“ се користи за ширење нелегални содржини и дезинформации.

Ова вклучува стари слики од некој друг вооружен конфликт или воени снимки кои всушност доаѓаат од видео игрите, рече Бретон во писмото до Маск.

Еврокомесарот рече дека Маск мора да се справи со ширењето на дезинформации за да се усогласи со новите правила на ЕУ за онлајн содржина.

„Затоа, ве повикувам итно да ја осигурате ефективноста на вашите системи и да го информирате мојот тим за преземените кризни мерки“, му напиша Бретон на Маск.

Одговарајќи на објавата на Бретон на „X“, Маск рече дека политиката на неговата компанија е да биде отворена и транспарентна.