Лозари денеска го блокираа патот Кавадарци – Неготино, кај месноста „Ило Виларов”, барајќи подобри услови за лозаропроизводство. Тие рекоа дека преку мирен протест бараат да се слушне нивниот глас и да ја изразат својата разочараност, од, како што рекоа, лошата гроздоберска сезона, пренбесува Сител.
„Поради ниската откупна цена на винското грозје, берба 2023, бараме интервентна мерка од пет денари по килограм грозје помош од државата за откупеното грозје, продадено во винарија или откупен пункт. Исплата на субвенциите за одржување на лозов насад по старо, 40.000 денари до хектар и 48.000 денари над хектар. Прогласување на елементарна непогода од болеста пламеница, која беше предизвикана од постојаните врнежи на дожд во месеците мај и јуни, со што родот е намален за повеќе од 50 проценти, бараме обесштетување од државата“, соопштија лозарите на протестот.
Тие не се задоволни со цените за килограм грозје бидејќи тие не ги покривале ниту нивните производствени трошоци.







