Лидерска за да се договори датумот за претседателски и парламентарни избори, бара албанската опозиција

Првиот човек на Движење Беса, чија партија заедно со Алтернатива и Демократско движење настапуваат како албанска опозиција, денеска побараа одржување на лидерска средба на која ќе се разговара за изборите в година. Нашите партии се подготвени за изборно соочување, рече Касами.



Касами очекува одлични резултати доколку изборниот процес биде регуларен.

„Сѐ што води до фер и демократски избори, ние сме подготвени да учествуваме. Во таа насока, повикуваме Владата што поскоро да размисли, да свика лидерска средба за да се постигне договор за терминот за предвремени парламентарни избори“, рече Касами.

Според него, економски е поприфатливо парламентарните и претседателските избори да се одржат заедно.

„Со оглед на економската состојба на државата и трошоците за изборите, инсистираме да има ист  термин за парламентарните и претседателските избори, бидејќи и редовните термини се блиски и проценуваме дека не треба да се прават дополнителни трошоци“, рече Касами.