На прашањето може ли еден од начините власта да е да се пазари со гласови за уставни измени во замена за враќање на Никола Груевски, потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи вели дека е подготвен за доброто на државата да се согласи со условите.
Битиќи вели дека е „првиот што седнува и зборува за помирување“. Истакна дека е за помирување со Груевски.
„Ако резултатот од тоа помирување може да донесе појасна иднина за државата и идните генерации кои треба да живеат овде тогаш треба да се зборува за тоа“ изјави вБитиќи во гостување на ТВ21.
На прашањертѕо дали мисли и за вреќање на екс-премиерот од Унгарија, Битиќи додава:
„Да, да. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната“.







