Зградата на Владата во боите на израелското знаме

Во знак на поддршка и солидарност со Израел по масовниот оружен напад од палестински Хамас, зградата на Владата на Македонија вечерва осамна во боите на израелското знаме.



„Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир. #WeStandWithIsrael“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи заедно со кратко видео со аплицираното знаме на Израел врз фасадата на владината зграда во Скопје.