Фокус ја објави анкетата направена од контроверзна фирма која добила огромни пари од владиниот Фонд за иновации

Најнова вест на истата тема



Не му помогнаа на Ковачевски, потсетија на Амди Бајрам и поплукаа на делото на Никола Младенов

Во срамната анкета на некогаш влијателниот Фокус има 102 % испитаници (ФОТО)

Неделникот ,,Фокус“ денеска го објави своето контроверзно истражување на јавното мислење за повеќе актуелни теми кое беше најавено во текот на вчерашниот ден според кое Ковачевски е најпопуларен политичар. Анкетата е спроведена од компанија која добила огромни пари од Фондот за иновации под контрола на СДСМ.

Анкетата според која Ковачевски е убедливо најпопуларен политичар наводно ја спровела фирмата Стратум Р&Д која пред последните локални избори објави анкета која имаше историски грешки.

Тогаш Стратум Р&Д најави победа на СДСМ а во реалноста социјалдемократите доживеа тежок дебакл.

Во соопштението за анкетата на Фокус кое има многу грешки како е да правено набрзина се содржат многу нелогични работи.

,,Ги прашавме граѓаните кое е нивното мислење за политичката и економската состојба во земјава. Како медиум кој редовно ја следи и анализира политичката сцена, фокусот го поставивменанајновите политичките односи, ставовите на граѓаните во врска со изборите во 2024, но и евалуација на економските мерки и политики.

Ова се резултатите од истражувањето на јавното мислење, спроведено преку телефонска анкета на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, октомври 2023 година, за потребите на „Фокус“.

Очекуваме дека истражувањето ќе привлече внимание кај граѓаните, читателите, но и кај стручната јавност. Ви претставуваме интересни аспекти вредни за анализа, особено за тоа како политичките односи влијаат на перцепцијата на граѓаните.

Пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, внатрешните поделби ја ослабнаа партијата

Согласно резултатите од истражувањето, внатрешните поделби во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се прелеваат и кај расположението на гласачкото тело односно директно влијаат на перцепцијата на граѓаните.

Заклучок е дека Судирот Мицкоски – Груевски ја ослабна партијата и видливо го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку внатрешниот раскол се преслика и на претстојните избори и се случи нов политички субјект или поддржувачи на Никола Груевски да истапат на парламентарните избори со сопствени листи, како што се шпекулира во политичките кругови како веројатност,поделената ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз.

На прашањето „Кога изборите би биле денеска, за која партија е најверојатно да гласате“ за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните. За СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Ова значи дека од кулминација на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ најголема корист има СДСМ. Гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е поделено и речиси кај половина има расположение да поддржат нова партија предводена од Никола Груевски. „Фокус“ веќе го анализираше судирот во ВМРО меѓу Мицкоски-Груевски. Останува да се види дали моменталното расположение на гласачкото тело на десницата ќе доживее крешендо, но секако пресметките во десницата тектонски се рефлектираат на рејтингот на опозициската партија”, пишува во конфузната анализа на анкетата од страна на Фокус од која се гледа дека неделникот по секоја цена сака да прикаже дека има судир меѓу Мицкоски и Груевски и дека ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа што е наратив на СДСМ.

За објективните аналитичари анкетата на Фокус е навредлива за граѓаните

Анкетата на Фокус за водство на Ковачевски е како да дупиш цела нација во здрав мозок, анализа