Анкетата на Фокус за водство на Ковачевски е како да дупиш цела нација во здрав мозок, анализа

Анкетатата на неделникот Фокус според која во водство меѓу политичарите е премиерот Ковачевски е како да дупиш цела нација во здрав мозок, смета аналитичарот Ивор Мицкоски.



Неделникот Фокус вчера најави анкета според која Ковачевски води пред Груевски и Мицкоски.

Неделникот не кажа која ја спровел наводната анкета која беше објавена откако реномираната агенција Маркет Вижн по нарачка на порталот МКД.мк објави релевантна анкета според која Ковачевски или четири пати помал рејтинг од Мицкоски.

,,Се претера и со анкетите.
Да објавиш анкета дека Ковачевски е најпопуларен политичар, па уште дека тоа е заради резултатите од справувањето со економската и енергетската криза, кризи кои уште траат, кои го исџедија буџетот и го осиромашија народот е стварно да дупиш цела земја у здрав мозок.
Треба да се има малце осет и во нарачките и во испорачките.
И мали деца знаат каков пепел се и премиерот и партијата му”, пишува аналитичарот и новинар Мицковски.

Неделникот Фокус кој ја најави контроверзната анкета го води Билјана Младенова, сопругата на покојниот новинар и основач на весникот Николче Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа.

Анкетата на Фокус има и математички скандалозни информации

Не му помогнаа на Ковачевски, потсетија на Амди Бајрам и поплукаа на делото на Никола Младенов

Во срамната анкета на некогаш влијателниот Фокус има 102 % испитаници (ФОТО)

Агенцијата која ја правела анкетата пред две години најавила победа на СДСМ на локалните избори

Фокус ја објави анкетата направена од контроверзна фирма која добила огромни пари од владиниот Фонд за иновации