По изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски според кој ЕУ не ја притиска Бугарија во однос на Македонија бидејќи против отворање на преговори со Македонија се најмалку пет членки на ЕУ кои забележуваат висок степен на корупција во земјава, со реакција вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ:



.„Тоа се неодговрни и неточни изјави од страна на опозицијата дека има пет други држави од ЕУ кои имале забелешки за Македонија и кои би нѐ спречиле да продолжиме со преговорите. Тоа не е точно тоа нема никаква врска со реалноста…

Ние имаме секојдневни коимуникации со сите држави членки. Никој тоа не го најавил ниту постои такво нешто. Затоа треба да ги напуштиме неодговорните изјави за собирање на евтини политички поени. Затоа што скапо ќе нѐ чини нас како држава и како граѓани. Граѓаните веќе доволно скапо ги платија заблудите од минатото на опозицијата. Да не дозволиме и сега да ги плаќаат скапо заблудите на опозицијата, изјави Маричиќ во гостувањето на Националниот сервис.

Тој потенцира дека доколку не се донесат уставните измени ќе се пропушти шансата во следното проширување во 2030 година, да станеме членка на ЕУ.