Македонски државјани меѓу 40 евакуирани од Израел со специјален лет до Тирана

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија соопшти дека вечерва пристигнал првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето воена состојба.



Авионот на „Ер Албанија“ со 40 патници, поддржан од Министерството за Европа и надворешни работи, Министерството за инфраструктура и енергетика и албанската амбасада во Израел, слета пред малку на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“, се вели во соопштението.

Патниците беа примени и поздравени од министерот Игли Хасани.

Министерството додава дека во наредните денови ќе има повеќе специјални летови за Тел Авив, во координација со министерствата на земјите од регионот, за да им се помогне на сите граѓани кои сакаат да се вратат во своите земји.