Власта се фали, граѓаните се жалат. Замрзнувањето на цените и зголемувањето на каматите ќе придонесе за благ пад на инфлацијата, анализира кредитната Агенција „Фич“. Изминатиов период затегнувањето на монетарната политика и намалувањео на дефициотот на тековната сметка придонесоа за враќање на едноцифрената инфлација. Сепак, таа останува многу висока кај храната, а благ пад се очекува со владината мерка замрзнување на цените, наведува „Фич“. Утре статистиката ќе ги објави бројките, а очекувањата на премиерот се дека ќе биде пониска од претходиот месец.

Сепак, закана за подгревање на инфлацијата, според „Фич“ е зголемувањето на платите во јавниот сектор,а агенцијата не ги зела во предвид зголемувањата на ДДВ-то кај голем дел производи кои ќе ги зголемат трошоците за живот.
Последици од кризата со трошоците за живот
Секој четврти Европеец моментално се бори со потешка финансиска состојба поради зголемената инфлација, покажа ново истражување. Според вториот европски барометар за сиромаштија и несигурност, куповната моќ на Европејците се намалува со текот на годините, поради што повеќето од нив прескокнуваат оброци и се принудени да прават посложени финансиски избори.

Од 10.000 анкетирани од „Ипсос“ за француска невладина организација, 29 отсто рекле дека нивната финансиска состојба е „несигурна“ и секој неочекуван трошок е товар за нивното салдо. Речиси секој втор Европеец смета дека ќе се најде во несигурна ситуација во следните неколку недели, подлегнувајќи на растот на цените и релативно стагнирачката плата. Стапката на ризик од сиромаштија во 2021 година за вкупното население на Европската Унија изнесуваше 17 отсто, според „Евростат“. Само 15 отсто рекле дека се самоуверени и дека не чувствуваат потреба да внимаваат на секојдневните трошоци.

И покрај уверувањата на власта дека продуктите кои влегуваат во потрошувачката кошница остануваат да се даночат со 5%, на листата производи со зголемено ДДВ се и дел од сирењата и урдата, сите видови намази, речиси цела морска храна, зденки, конзервираната храна, овесните снегулгки, муслите, замрзнатите теста, мастиките за џвакање, чипсот бонбоните, мајонезот, сенфот, сите полуготови јадења во конзерва или тегла, инстант кафињата, сите апетисани, сите видови зачини и чаеви, белите чоколада, вафли, компоти, сите тропски овошја, дел од тестенините, еурокремите, овошни јогурти, протеински оброци, слодоледи…

За два дена Владата уште еднапш ќе ја разгледа листата. Ветија можност за враќање на 2,3 производи, кои би останале да се даночат со 5 отсто. И додека цените на храната во регионот и Европа паѓаат, инфлацијата, според предвидуваењата на првиот човек на ЕЦБ, Кристин Лагард се дека инфлацијата во еврозоната ќе се спушти на 2 отсто, кај нас неизвесноста кај ѓраѓаните расте, заедно со песимизмот и стравувањата дека сиромшатијата уште повеќе ќе се продлабоочи.




